Пребарување

ЕОЅ Матрих Македонија е единствена компанија од приватниот и од финансискиот сектор кај нас која го поседува сертификатот ISO 27701:2019 којшто ја гарантира информациската безбедност и безбедноста на личните податоци

Известувањето е преземено од официјалната веб страница на EOS Matrix Hrvatska и се споделува со цел демантирање на актуелните вести каде е наведена неточна информација за наводна неовластена употреба на лични податоци во ЕОЅ сестринската компанија во Хрватска. 

„Загреб, 27 март 2023 година - Со проверка на сопствените системи, EOS Matrix во Хрватска утврди дека не се случило безбедносно пробивање, ниту се утврдило внатрешно неовластено ракување со лични податоци. Истото не е утврдено и од претходните континуирани и интензивни проверки на информатичките системи. При обработката на личните податоци се применуваат соодветни организациски и технички мерки за заштита на личните податоци, а сето тоа во согласност со позитивните правила на Општата регулатива за заштита на податоците. Како резултат на тоа, личните податоци на граѓаните во рамките на EOS Matrix во Хрватска не се загрозени на ниту еден начин. Наводите на медиумите за „протекувањето" на личните податоци не влијае на континуитетот на работењето или ги загрозува личните податоци на граѓаните регистрирани во нашата база на податоци, и во согласност со тоа, EOS Matrix во Хрватска продолжува со своите редовни деловни активности. Исто така, треба да напоменеме дека EOS Matrix Ltd. Хрватска поседува сертификат на ISO 27001, светски стандард за информациска безбедност. Ова независно стандардизирање гарантира дополнителна и сеопфатна заштита, препознавање и обработка на ризикот. EOS Matrix во Хрватска претходно, веќе во вторник, 21 март, ја извести Агенцијата за заштита на личните податоци за шпекулациите за „протекување“ на лични податоци. EOS Matrix Хрватска целосно соработува со Агенцијата за заштита на личните податоци и започнати се и други постапки пред компетентните органи на Р. Хрватска со цел да бидат заштитени правата на компанијата. “ 

ЕОЅ Матрих Македонија известува дека и во компанијата во Македонија користењето на личните податоци на должниците и нивната достапност, е сведена на најосновната потреба, при комуникација и обработка. ЕОЅ Матрих во Македонија има имплементирано различни безбедносни системи за контроли на пристап, контрола на проток на податоци и врши систематско надгледување на пристапот на сите системи. Носители сме на ИСО 27001 и ИСО 27701, светски стандарди за информациска безбедност и безбедност на лични податоци.  

За последните случувања во врска со неточните наоди на медиумите се огласи и генералната директорка на ЕОЅ во Македонија д-р Катеина Бошевска:  „Во периодот од 17 до 18 јануари 2023 година, ревизори од CIS - Certification & Information Security Services GmbH извршија сертификациска ревзија на компанијата ЕОЅ Матрих во Македонија, за исполнување на одредбите од стандардот ISO 27701:2019 кој се однесува на системите за управување со приватноста на информациите и е екстензија на стандардот ИСО 27001 за информациска безбедност, кој компанијата веќе го поседува од 2016 година се’ до денеска.  

Ревизијата потврди дека компанијата ги исполнува уловите за добивање на сертификат од CIS Vienna за ISO 27701:2019 кој ќе биде валиден во следните 3 години. Со добивањето на овој сертификат, компанијата ЕОЅ Матрих Македонија е првата и единствена компанија и од приватниот и од финансискиот сектор во земјата која го поседува овој сертификат, а со тоа уште еднаш потврдуваме дека наша примарна грижа е одговорно и совесно работење и доследно применување на законската рамка која го регулира нашето работење на Европско ниво, и во нашата земја.  

Со ова ја потврдуваме гаранцијата кон нашите корисници, партнери и клиенти за законитоста на обработката на личните податоци во нашата компанија “. 

Скопје, 27.03.2023  
Печати