Пребарување

EOS & AHK: Управувањето низ призмата на експертите

ЕОЅ Северна Македонија, во соработка со АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение, одржаа дискусија на темата "Важноста на Управувањето како дел од ЕСГ рамката".
 

Во дискусијата учествуваа Г-ѓа Антје Ванделт, директор на АХК Северна Македонија, Албанија, Косово, дел мрежата на германските комори во странство, д-р Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОЅ во Северна Македонија и ЕОЅ Косово, г-дин Даниел Браун директор на Фондацијата Конрад Аденауер и г-дин Виктор Мизо, извршен директор на Костал Македонија. Експертите ги споделија своите перспективи и активностите на нивните меѓународни организации во оваа област на домашниот пазар.  

Низ оваа дискусија, говорниците ги истражија различните димензии на поимот „управување“, неговата поврзаност со „усогласеноста“ и одговорноста на економските субјекти. Понатаму, тие разговараа за предизвиците со кои се соочени во деловната средина во земјата и промените кои сакаат да ги видат на пазарот, истакнувајќи дека доброто управување треба да биде тимска задача, но и лична одговорност на секој поединечен чинител во една деловна средина.

"Промените и развојот во општеството се процеси кои се можни само доколку постои широк консензус и јасна волја кај сите чинители во општеството. ЕОС Матрикс Македонија како дел од ЕОС Групацијата, со голема посветеност работи на имплементација на ЕСГ стандардите. Но, суштината на овие стандарди не е тие да се воведат само во рамките на една компанија, туку и нашата експертиза и искуствата да ги споделиме со пошироката заедница и секоја да ја заземе својата улога. Највисока цел на ЕСГ концептот е преку системски промени да иницира иновации и развој на начин кој е праведен и кој ќе донесе просперитет.Затоа, исклучително важно во овој процес е да се поврземе и да направиме силна платформа помеѓу јавниот и приватниот сектор за да имаме што подобри резултати“, истакна д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОС Матрикс Македонија
Печати