EOS на Бизнис форумот организиран од агенцијата за маркетинг и промоции „Марили“ – кружната економија во фокусот
Кружната економија и новите бизнис модели и практики како основа за одржлив развој и поттикнување на нови можности за раст, беше темата на една од панел дискусиите на годинешниот Бизнис форум организиран од агенцијата за маркетинг и промоции „Марили“. На форумот се обрати и д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОС Матрикс Македонија и Косово, која е дел од Групацијата ЕОС. Д-р Бошевска годинава беше меѓу 13-те носителки на наградата „Најуспешни жени менаџери за 2024“, што агенцијата „Марили“, ја организира по 28 - ми пат.
Д-р Бошевска го истакна значењето на кружната економија за развој на финансискиот сектор, истакнувајќи дека усвојувањето на практиките на кружната економија, има потенцијал да го намали ризикот, да придонесе кон поголема диверзификација на деловните модели и да креира можности за поголема предвидливост. ЕОС Матрикс Македонија, во изминатите неколку години имплементира проекти на темата ЕСГ и циркуларна економија со цел да ги донесе сите оние пркатики и добри примери од групата на локалниот пазар. Д-р Бошевска ја сподели својата визија и потврди дека тимот на ЕОС останува посветен на целите.
Во рамки на Бизнис форумот, беше презентирана стратегијата за корпоративна одговорност на ЕОС Матрикс, која се базира на четири столба:

- Одговорна наплата на побарувањата за фер третман
- Заеднички напредок кои се базира на придонес на раст на компанијата и на општеството
- Финансиска одржливост – креирање на бизнис концепт за подобро управување со побарувањата и креирање на можности за инвестиции
- Заштита на животната средина – намалување на еколошкиот отпечаток на ЕОС Матрикс