Пребарување

ЕОС Матрикс со успешна 2024 година и нова иновација – апликацијата „My EOS“

Скопје, 30.12.2024 – ЕОС Матрикс, лидер на секундарниот финaнсиски пазар во Македонија, го заокружува успешното работење во 2024 година, со претставување на иновативната апликација „My EOS“. Оваа нова дигитална алатка овозможува корисниците да управуваат со својата финансиска состојба на лесен, достапен и сигурен начин.

Апликацијата „My EOS“ е развиена за да им обезбеди на корисниците брз пристап до нивните финансиски податоци, како што се проверка на износот на задолжувањата, статусот на документите, следење на плаќањата и реализација на нови трансакции. Потребен е само уред со интернет пристап за корисниците да имаат целосна контрола врз своите финансии, без временски ограничувања.

„Годината што изминува беше особено посветена на иновации и дигитални решенија кои носат значајни придобивки  за нашите клиенти и корисници. Со воведувањето на апликацијата „My EOS“, ние продолжуваме со остварувањето на нашата основа цел - да ги промениме животите на луѓето на подобро, овозможувајќи им ефикасно управување со нивните финансии,“ изјави д-р Катерина Бошевска, извршен директор на ЕОС Матрикс за Македонија и Косово.

Компанијата останува посветена на обезбедување на највисоките стандарди за заштита и безбедност на личните податоци, што го покажува и имплементацијата на меѓународниот стандард ISO 27701:2019. Со воведување на новата апликација, ЕОС Матрикс продолжува да ги поставува најсовремените стандарди за дигитализација и безбедна комуникација во македонскиот финансиски сектор.

Во текот на 2024 година, ЕОС Матрикс успешно затвори близу 3000 случаи на задолжувања, со што помогна на многу семејства да влезат во новата година без долгови. Со ова, вкупната досегашна бројка на затворени случаи надмина 30.000, потврдувајќи ја водечката улога на компанијата на пазарот.

„Планираме во 2025 година да продолжиме со вложувања во одржливи решенија и нови технологии. Нашите приоритети вклучуваат одговорна наплата, финансиска одржливост, заедничкиот напредок на корисниците, клиентите и нашите вработени  и секако на заштита на животната средина, кои истовремено се нашите материјални теми од рамката на ЕCГ-стандарди и нашиот избор од целите за одржлив развој на ОН,“ додаде д-р Бошевска.

ЕОС Матрикс Македонија е дел од Групацијата ЕОС која е присутна на повеќе од 20 пазари и управува со портфолио инвестиции од околу 510 милиони евра. Големото искуство и експертиза што го поседува оваа Групацијата го применува и ЕОС Матрикс Македонија, благодарение на што компанијата во континуитет помага во развојот на секундарниот финансиски пазар во земјава.
Печати