Куќата се наоѓа позади индустриски дел во населба Карпош во Куманово, подрачје кое е мирно и безбедно, опкружено со куќи за семејно домување, училиште, спортска сала и угостителски објекти. На само 3км од центарот на градот.
Објектот се состои Приземје и Кат 1. Приземјето е со површина од 94м2, во кои се сместени дневна соба со трпезарија и кујна, тоалети и две соби. Катот 1 е со површина од 82м2, од кои 13м2 се балкони. На овој кат има 3 спални соби, дневна со трпезарија и кујна и тоалет. Приземјето со Кат 1 е поврзано со внатрешни скали. Дворно место во површина од 151м2.
Куќата е во сочувана и во високо функционална состојба. Опција за реновирање по желба.
Прекрасна прилика, за купување вистински дом кој ќе обезбеди комодитет за цело семејство.
Цена- 46.690евра.
За повеќе информации или за разгледување на имотот контактирајте нè на следниот телефон: 070/409-479, или пратете ни понуда за договор на i.ackovska@eos-matrix.mk. Детали може да добиете секој работен ден до 16:00 часот.
Имотот се продава во постапка за извршување преку извршител Премтим Ќерими.