Finance Talks - EOS во Македонија
Illustation shows a globe on which points are marked with pins.

Го обединуваме финансискиот свет.

Платформа на ЕОЅ Македонија за размена на експертиза, искуство и идеи со цел подобро справување со предизвиците и унапредување на економијата. 
Дознај повеќе
Symbol, Text, Number, Weapon, Logo, Lipstick, Stencil, Recycling-Symbol, Sign, Road-Sign

Предводенa од иновациите и меѓународната соработка „Разговори за финансиите“ е платформа создадена од EOS во Македонија, водечки финансиски инвеститор на домашниот и европскиот пазар, која има за цел да инспирира размена на идеи и експертиза во светот на финансиите.

Обезбедувајќи простор и услови за дијалог во однос на предизвиците, политиките и потенцијалот на финансискиот сектор на Балканот и во Европа, Finance Talks“/ „Разговори за финансиите“ им обезбедува на засегнатите страни соодветни алатки и увиди и ги доближува европските трендови и практики до локалниот регион.

Со цел да се поттикне отворен и конструктивен дијалог во финансиската заедница, „Finance Talks“/„Разговори за финансиите“ е платформа која преку организација на настани ги обединува експертите и професионалците кои ги разменуваат мислењата и дискутираат за нивната експертиза, како и искуство во врска со тековните и новите предизвици во финансискиот сектор.  

Посакуваното влијание на „Finance Talks“ е унапредување на знаењето и експертизата во индустријата и подобрување на капацитетите на засегнатите страни за успешно справување со предизвиците кои ефективно ќе влијаат на финансискиот сектор и економијата како целина.

За платформата

„Finance Talks“ е платформа која ги приближува европските трендови и практики поблиску до финансискиот сектор во регионот преку истражување на релевантните теми во областа како што е управувањето со кредитен ризик, иновативни трендови за управување со нефукционални побарувања, употреба на дигиталните технологии и В.И. (Вештачка Интелигенција) во финансискиот сектор и слично.
heart, flag, star, necktie, envelope

Пристап

Преку организација на настани кои поттикнуваат дијалог во текот на целата година, платформата "Finance Talks" обезбедува увид во моменталната состоjба во индустриjата и ја иницира примената на нови методи и решениjа на постоечките и растечките предизвици со цел: Changing finances for the better.
envelope, star, signboard, block

Настани

До сега во рамки на платформата беа одржани четири панел дискусии со експерти од релевантните области во рамки на платформата „Finance Talks“. Прочитајте повеќе за темите на разговор подолу. 

Mинати настани

Првата панел дискусија се одржа во мај 2022 и ја адресираше темата „Управување со кредитен ризик во време на пост-Ковид и економска (финансиска) криза“.

На овој панел своето искуство и експертиза го споделија:

  • Модератор: д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОЅ Матрих
Експерт говорници:

  • Златица Трпеска Цивкароски (Шпаркасе Банка);
  • Владислав Хаџидинев (УНИ Банка);
  • Фросина Целевска (НБРМ) 
Погледнете го видео записот од целата дискусија и инспирирајте се од излагањата и заклучоците на панелистите, кои се експерти во областа на официјалниот YouTube канал достапен на овој линк

Втората по ред „Finance Talks by EOS Matrix“ панел дискусија се одржа на 28 септември 2022 и ја разработи темата: „Придобивки од имплементација на европските законски решенија во домашниот финансиски сектор“.

На дискусијата своето искуство и експертиза го споделија:

  • Модератор: д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОЅ Матрих
Експерт говорници:

  • Г-дин Фатмир Бесими - Министер за Финансии, Министерство за Финансии на Република Северна Македонија
  • М-р Бранко Грегановиќ - Претседател на Управен oдбор на НЛБ Банка Скопје.
  • Д-р Горан Василев - Генерален директор на ИутеКредит Македонија.
Благодарение на долгогодишното искуство и стекнатата експертиза на панелистите во домашниот, но и во странските финансиски пазари, оваа дискусија е од огромна вредност за финансиската заедница во земјата. 

Видео записот од панел дискусијата е достапен на овој линк до YouTube каналот на компанијата.

На 13 декември 2022 година се одржа третата панел-дискусија на тема „Европски платежни практики: презентација на истражување и дискусија за локалниот пазар“.

Последниот панел „Финансиски разговори“ се одржа на регионалната конференција „Балкански економски форум“ во Тирана, Албанија - ноември 2023 година на тема „Важноста на длабоките и ликвидни секундарни пазари за трансакциите со NPL“.

Бидете во тек

icon red digital processes
Пополнете го формуларот подолу за да ги следите настаните во рамки на „Finance Talks by EOS Matrix“ платформата и бидете во тек со новостите, заклучоците од дискусиите и останатите информации за јавноста.
Subscribe

Newsletter Subscription

Пополнете ги бараните полиња.
Пополнете ги бараните полиња.
Пополнете ги бараните полиња.
Пополнете ги бараните полиња.
*задолжително поле