Ве известуваме за новостите

Сите соопштенија за јавноста

ЕОЅ Матрих ја потврдува својата заложба кон етичките деловни практики со нов Кодекс на однесување за партнери и добавувачи

Известување - 22 ноември, Скопје 

Скопје, 1 септември 2023 - ЕОЅ Матрих ДООЕЛ Скопје, водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања, со гордост го објавува новиот Кодекс на однесување за партнери и добавувачи, потврдувајќи ја посветеноста кон етичките деловни практики и поттикнувајќи односи со своите клиенти и соработници изградени врз основа на главните обележја на овој Кодекс.

Во денешната бизнис средина која брзо се развива, етичкото однесување на компаниите е најважно. EOS Матрих ДООЕЛ Скопје ја препознава својата одговорност да ги одржува највисоките стандарди на интегритет во сите аспекти на своето работење. Новиот Кодекс за однесување за партнери и добавувачи ја потврдува оваа заложба. Ажурираниот Кодекс е резултат на повеќемесечни заеднички напори во кои беа вклучени вработените, засегнатите страни и експерти од индустријата.

„За да се обезбеди просперитетна и безбедна средина за живеење, мораме  да постапуваме етички во нашите деловни зделки и во согласност со највисоките стандарди. Нашиот нов Кодекс е доказ за нашата посветеност и ги покануваме нашите клиенти и соработници да ни се придружат во почитувањето на овие принципи. Затоа што сакаме да создаваме успешни бизнис приказни на начин што ќе им овозможат на луѓето кои се вклучени одржлив напредок, сега и во иднината. “ – д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОЅ Матрих ДООЕЛ Скопје.

Компанијата истакнува дека со почитување на овие етички принцип има за цел да обезбеди уште повисоко ниво на доверба и сигурност во сите свои соработки.

ЕОЅ Матрих ДООЕЛ Скопје, дел од ЕОS Групацијата, е водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на откуп и наплата на обезбедени и необезбедени побарувања, како и меѓународна наплата на побарувања. Дознајте повеќе за EOS Matrix Macedonia на https://mk.eos-solutions.com/ .

 

Групацијата EOS е водечки технолошки напреден инвеститор и давател на услуги во индустријата за управување со побарувања. Со над 45 години искуство, EOS преку своите подружници во 24 земји ширум светот ниду паметни услуги за сите потреби за управување со побарувањата. Клучните целни сектори на EOS се банкарството, недвижностите, телекомуникациите, комуналните услуги и е-трговијата. EOS вработува над 6.000 луѓе и е дел од Групацијата Ото (Otto Group). За повеќе информации за EOS  Групацијата , одете на: www.eos-solutions.com

Стапете во контакт со нас за прашања поврзани со медиумите и односите со јавност:

Офицер за корпоративни комуникации, односи со јавност и маркетинг:

Јана Нешковиќ

j.neskovic@eos-matrix.mk

+389 71 232 501

Печати

EOS Групацијата бележи стабилен развој во финансиската 2021/22 година

Соопштение за медиумите

Хамбург, Германија, 20 јули 2022

  • Голем напредок кон целосно дигитализирана групација
  • Рекордна година во откуп на долгови со вкупно 669 милиони евра инвестиции во нефункционални кредити и недвижен имот
EOS Групацијата, меѓународен инвеститор во портфолија на побарувања и давател на услуги за наплата на долгови базирана на технологија, со седиште во Хамбург, продолжи да работи добро и стабилно во турбулентната финансиска година 2021/22. И покрај пандемијата со корона и сè поагресивното пазарно опкружување, вкупниот приход на Групацијата се зголеми за 1,6 отсто. Севкупно, заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (EBITDA) изнесува 282,5 милиони евра - благо намалување во однос на претходната година (312,4 милиони евра). Тоа првенствено се должи на војната во Украина и сметководствените мерки на претпазливост преземени од EOS во овој контекст. Сепак, крајниот заклучок за финансиската година е позитивен бидејќи во 24-те земји во кои е активен EOS повторно беа постигнати силни оперативни перформанси.

„Минатогодишниот успех го должиме пред сè на нашите повеќе од 6000 вработени, кои го прават EOS подинамичен и дигитален секој ден во нестабилен период“, нагласува Марвин Рамке, извршен директор на EOS Group. „Изминатата финансиска година особено се карактеризира со три фактори. Прво, успеавме да ги надградиме нашите основни области на експертиза за купување и обработка на нефункционални кредити и го засиливме нашиот статус како експерти во полето. Ова беше надополнето со одличната меѓународна и прекугранична соработка помеѓу нашите локации во 24 земји. И конечно, растечката автоматизација ни овозможи континуирано да ги подобруваме нашите деловни процеси. Достигнувања во една предизвикувачка година, со кои можеме да бидеме многу горди како тим“, продолжи Рамке.

EOS ја зајакнува водечката позиција и ја води дигитализацијата напред

EOS Group разви многу добра репутација со текот на годините - и како меѓународен давател на услуги за наплата на долгови и како инвеститор во пакети за побарувања (NPL). Со финансиската сила на Otto Group зад себе, EOS повторно можеше да направи значителни инвестиции на пазарот на NPL. Јасниот фокус на автоматизација на процесите, како и употребата на софтвер за наплата на долгови базиран на собирање податоци, исто така, овозможуваат поуспешна и поефикасна обработка на побарувањата.

„Постигнавме ветувачки напредок во однос на заедничкото аналитичко управување со податоците, што јасно ќе нѐ придвижи напред во однос на управувањето со обработката на побарувањата во иднина. Поврзаната инвестиција беше и е голем чекор кон целосно дигитализирана групација“, вели Јустус Хекинг-Велтман, финансиски директор на EOS Group. Развојот и употребата на чет-ботови во комуникацијата со потрошувачите или сервисните портали 24/7, кои се веќе имплементирани во неколку земји, се дополнителни примери за дигиталната трансформација во EOS.

Со својата долгогодишна експертиза како компанија за наплата на долгови и нејзиниот фокус на дигитализација и меѓународно вмрежување, во финансиската 2021/22 година EOS успеа да ја консолидира и дополнително да ја прошири својата водечка позиција во управувањето со побарувањата на многу пазари. Конкретно, финансиската година беше рекордна за EOS во областа на откупот на долгови: Групацијата инвестираше вкупно 669 милиони евра во NPL и недвижен имот во текот на овој период. Со овој резултат значително го надмина обемот од претходната финансиска година.

EOS имплементира амбициозен концепт за одржливост

Со стратегијата за корпоративна одговорност (КО) претставена на почетокот на минатата финансиска година, Групацијата се приближува кон сопствената посветеност за одржливост на структуриран начин и со амбициозни цели. Приклучувањето кон Глобалниот договор на ОН категорично ги нагласува напорите на EOS. Повеќе од 16.000 компании од над 160 земји сега учествуваат во иницијативата на Обединетите Нации, со цел да го направат светот поодржлив и поправеден. Бројните активности за КО на EOS се протегаат многу подалеку од заштитата на животната средина - а социјалната и корпоративната посветеност веќе вроди со плод: Со наградите Top Women Leaders и Златниот медал на реномираната агенција за рејтинг EcoVadis, EOS Group веќе доби две награди за своите напори за КО во текот на изминатата финансиска година.

Постоечките иницијативи за одржливост ќе продолжат да се промовираат во наредната година. „Ние преземаме одговорност - не само за нашите вработени и клиенти, туку и за потрошувачите и целата индустрија за наплата на долгови. Или накратко: промена на подобро“, вели Рамке. „Лично, особено би сакал да го поттикнам прашањето за различноста. Ова е една од најсилните страни на нашата меѓународна групација. Минатата година, на пример, посветени вработени ја основаа ЛГБТК+ заедницата Queer@EOS и женската мрежа W:isible“.

Регионот на Источна Европа води во растот на приходите на EOS Group

Особено регионот на Источна Европа имаше многу пријатен крај на финансиската година, со пораст на приходите за 12,2 отсто во однос на претходната година. Посебно силно се покажаа националните компании од Хрватска, Полска, Србија и Словачка. И покрај стабилните перформанси, заработката (EBITDA) во Источна Европа забележа благ пад. Тоа се должи на билансните мерки на претпазливост во поглед на војната во Украина.

Во делот на откуп на побарувања, обемот на инвестиции во регионот двојно повеќе се зголеми. „Во изминатата финансиска година инвестиравме вкупно 402,5 милиони евра во Источна Европа, од кои 226,5 милиони евра беа во обезбедени побарувања и недвижен имот“, вели Карстен Тидоу, управен директор на EOS Group за Источна Европа. Особено се истакнаа националните компании во Грција и Полска. „За севкупно да имаме уште поголема корист од ова, важно е уште посилно меѓусебно да се поврзуваме со националните компании. Таквиот начин на промовирање на иновациите е нашата цел за следната финансиска година“, нагласува тој.

Дополнителни информации, интервјуа и извештаи за изминатата финансиска 2021/22 година на EOS Group се достапни во областа на виртуелниот печат: https://mk.eos-solutions.com/eos-annual-report-2021-22

За ЕОЅ Group

EOS Group е водечки технолошки инвеститор во портфолијата на побарувања и експерти за обработка на неподмирените побарувања. Со повеќе од 45 години искуство и локации во 24 земји (состојба: од крајот на финансиската 2021/22 година), EOS им нуди на своите приближно 20.000 клиенти ширум светот паметни услуги за сите аспекти на управувањето со побарувањата. Фокусот е ставен на банките и компаниите од секторите недвижнини, телекомуникации, снабдување со енергија и е-трговијата. EOS вработува повеќе од 6.000 луѓе и е дел од Otto Group.

Повеќе информации за ЕОЅ Group: https://eos-solutions.com/

Контакт со медиумите:

https://mk.eos-solutions.com/press

Групацијата EOS со нов идентитет на брендот

Хамбург, 6 април 2022

Пролетта е време на препородување, а EOS не е исклучок: Групацијата EOS го претстави својот нов корпоративен идентитет. Со новото лого и корпоративен дизајн, меѓународната компанија за финансиски услуги се претставува како модерен играч на европскиот пазар за управување со побарувања. „Со новиот бренд ја зајакнуваме посветеноста што веќе ја пренесовме минатата година со претставувањето на нашето мото „Ги менуваме финансиите кон подобро“, вели Марвин Рамке, кој стана нов извршен директор на Групацијата EOS во февруари. „Со повеќе од 6.000 вработени во 24 земји, постојано работиме напорно за да ја промениме кон подобро финансиската состојба на нашите клиенти, партнери и плаќачите кои не ги исполнуваат своите обврски. Имајќи го ова предвид, сериозно инвестираме во дигитализација и се повеќе користиме процеси на наплата базирани на вештачка интелигенција и нашата меѓународна мрежа“.

Изменетиот дизајн ја одразува промената на EOS

Групацијата, која пријави приходи од 792,5 милиони евра за фискалната 2020/2021 година, има за цел целосно да заврши со воведувањето на новиот бренд на глобално ниво во следните 12 месеци. „Среќна сум што Одборот на директори не се одлучи за еволутивен развој на брендот, туку наместо тоа се осмели да прифати дисруптивен дизајн“, вели Лара Флеминг, виш потпретседател за корпоративни комуникации и маркетинг во EOS. „Ако направевме само мала промена на брендот, немаше достојно да ја отсликаме огромната трансформација низ која EOS помина во последниве години. Сега со нетрпение чекаме да почнеме да работиме заедно со нашите колеги насекаде низ светот за новиот бренд на EOS да стане видлив на сите точки на контакт со нашите клиенти“. Во фокусот на возобновувањето на брендот се нашите клиенти и потенцијалните вработени. „Со новиот идентитет на брендот сакаме да убедиме уште повеќе компании дека EOS е нивниот најдобар партнер за купување и обработка на ненаплатените побарувања“, вели Флеминг. „За да ги исполниме нашите обврски постојано бараме нови таленти низ цела Европа кои можат да ни помогнат да продолжиме напред. Нашите луѓе се нашето најважно богатство. Затоа, ние се позиционираме со високи потенцијали како модерен и атрактивен работодавач“. За возобновувањето на брендот EOS доби поддршка од Syndicate Design AG, водечка агенција за дизајн со седиште во Хамбург.

Новото лого означува интернационалност, фокус и динамика

Новото лого е ослободено од рамката која со години ги врамуваше буквите. „Ништо не треба да застане на патот на нашиот начин на размислување и на нашите постапки“, вели Флеминг. Малата буква „e“ во новото лого на EOS ја отелотворува нашата интернационалност и тековната дигитализација. „На англиски, врвниот глобален јазик, повеќето зборови се пишуваат со мали букви“, објаснува Флеминг. „Покрај тоа, малата буква „е“ е позната и од деловните термини како е-трговија, во кои означува електронски или дигитални процеси. Сметавме дека е многу соодветно да го пишуваме името на нашата компанија со мали букви во логото во иднина“. Големото „О“ во центарот на логото го симболизира фокусот и силната цел на EOS. Незавршеното „s“ на крајот му дава импулс на логото. Ја отсликува жедта за промена на компанија која постојано повторно се открива откако е основана во 1974 година. „Денес светот се менува побрзо од кога било досега. И ние активно ја обликуваме оваа промена. „Ѕ“ во логото вели дека нашиот развој никогаш нема да заврши и дека постојано ќе настојуваме да се приспособиме на околностите“, вели извршниот директор Рамке. „Со новиот бренд, нагласуваме дека сакаме да продолжиме да поставуваме стандарди, во целиот европски финансиски сектор, над и надвор од сегментот за наплата на долгови“.

За EOS Групацијата 

Групацијата EOS е водечки технолошки напреден инвеститор и давател на услуги во индустријата за управување со побарувања. Со над 45 години искуство, EOS им нуди на околу 20.000 клиенти во 24 земји ширум светот паметни услуги за сите нивни потреби за управување со побарувањата. Клучните целни сектори на EOS се банкарството, недвижностите, телекомуникациите, комуналните услуги и е-трговијата. EOS вработува над 6.000 луѓе и е дел од Групацијата Otto.

За повеќе информации за Групацијата EOS, одете на: www.eos-solutions.com

Контакт за печат и медиуми:

Марк Хојер, корпоративни комуникации и маркетинг, Групација EOS

Е-пошта: press@eos-solutions.com

Тел: +49 40 2850 1222
  • Постигнати нови височини на приходот и EBITDA.
  • Силни инвестиции во купувањето долгови: уште еден чекор кон станувањето на глобален финансиски инвеститор
  •  „Во голема мера ќе го прошириме нашиот бизнис обезбеден со недвижнини, покрај купувањето на необезбедени долгови

Хамбург, Германија; 16 јули 2019 година – EOS Group, со седиште во Хамбург, го зголеми својот приход во фискалната 2018–2019 година за 2,3 проценти до 813,7 милиони евра. Заработката пред камата, даноци, депрецијација и амортизација (EBITDA) порасна до 283,6 милиони евра. Според тоа, меѓународниот давател на приспособени финансиски услуги, којшто припаѓа на Otto Group, постигна нов рекорд во однос на двата клучни индикатори за изведба. Една од главните причини за позитивниот развој беше високата инвестиција во купување на портфолија на необезбеден и обезбеден долг: EOS инвестираше 668 милиони евра во побарувања и недвижнини во последната фискална година и сè повеќе еволуира во глобален финансиски инвеститор.

Високата инвестиција во купување долгови продолжува непречено

„Среќен сум за исклучително задоволителната фискална година“, рече Клаус Енгбердинг (Klaus Engberding), Претседател на Извршниот одбор на EOS Group. „Како во однос на приходот, така и во однос на профитот, повторно постигнавме извонредно ниво. И покрај хармонизацијата за фискалната година во претходната година*, успеавме да го зголемиме приходот на EOS Group. Тоа е јасен знак за нашиот одржлив деловен раст“, рече Енгбердинг. „Во голема мера ќе го прошириме нашиот бизнис обезбеден со недвижнини, покрај купувањето на необезбедени долгови.“ Со нашата технологија чиј двигател се податоците, оптимално може да ги процениме и обработиме побарувањата - совршена основа за да продолжиме силно да инвестираме во купување долгови ширум светот“.

EOS Group се состои од повеќе од 60 компании во 26 земји и има вработено повеќе од 7500 луѓе. По пат на партнерска мрежа, EOS им нуди паметни услуги на своите над 20 000 потрошувачи во 180 земји насекаде во светот.

* Во извештајниот период 2017-2018 година, околу 30 компании на EOS беа вклучени со 14 наместо 12 месеци во консолидираните финансиски извештаи за крајот на годината.

Преглед на клучните индикатори за изведбата:

 

2018-2019 година

2017-2018 година

Приход од продажба

(Милиони евра)

од кои
Германија

Западна Европа
Источна Европа
Северна Америка

813,7

 

341,1

220,9

203,2

48,5

795,0

 

327,5

240,4

183,2

44,0

EBITDA (Милиони евра)

283,6

279,8

Во табелата може да има прикажани разлики што се должат на заокружување на цифрите.


Источна Европа со пораст во обезбедените побарувања

Во Источна Европа, EOS ужива целовремени височини: „Горди сме со нашите резултати во Источна Европа за последната фискална година“, рече Марвин Рамке (Marwin Ramcke), Извршен директот на EOS Group одговорен за овој регион. „Со 203,2 милиони евра, приходот го надминува оној од минатата година за повеќе од 10 проценти. Заработката пред данокот е, исто така, многу повисока отколку во претходната година“. За двата клучни индикатори за изведба (KPI), EOS достигна највисоко ниво до сега во регионот. „Повторно бевме во можност да го зголемиме обемот на нашата инвестиција во портфолија со лош долг. Особено во Хрватска и во Полска, но исто така и во Русија и Словачка, нивото од претходната година беше јасно надминато“, според Рамке. Инвестицијата во обезбедени побарувања беше особено проширена; EOS е сега активна во ова поле во девет Источноевропски земји. Рамке: “И понатаму гледаме одлични можности за раст во овој сегмент ипланираме да го прошириме деловниот сегмент во сите наши источноевропски локации во иднина“.

За EOS Group

EOS Group е водечки меѓународен давател на приспособени финансиски услуги. Како специјалист во процената и обработката на побарувања, EOS применува нови технологии за да им понуди на своите 20 000 потрошувачи во 26 земји финансиска сигурност по пат на паметни услуги. Главниот бизнис на компанијата е купување портфолија со необезбеден и обезбеден долг. Во рамките на меѓународна мрежа на партнерски компании, EOS Group вработува повеќе од 7500 вработени во над 60 подружници и има пристап до ресурси во повеќе од 180 земји. Нејзините клучни таргетирани сектори се банкарство, комунални услуги, недвижнини и е-трговија. EOS е дел од Otto Group

За повеќе информации за EOS Group, Ве молиме одете на www.eos-solutions.com.

Компанијата за откуп и наплата на побарувања ЕОЅ Матрих ДООЕЛ членка на EOS Групацијата, е во процес на превземање на активности за усогласување со измените и насоките кои ги предвидува европската регулатива за заштита на лични податоци (General Data Protection Regulation - GDPR).

Во изминатиот период ЕОS Матрих ДООЕЛ активно работеше и на одржување на стандарди за обезбедување на највисоко ниво на безбедност на информациите (ISO 27001), следствено на што и проактивно истапува кон навремено усогласување со препораките од GDPR. Истовремено, компанијата активно ги следи и измените на локалната регулатива за заштита на лични податоци и своето работење навремено го усогласува со истата.

Во периодот кој претстои EOS Матих ДООЕЛ својот договорен однос ќе го усогласи согласно барањата на регулативата.

Печати