Кој има искуство со долговите, е поотворен за поддршка од вештачка интелигенција
Хамбург, 28 октомври 2026
- 61 отсто од луѓето кои имаат иксуство со проблеми со отплатата сакаат предлози од вештачка интелигенција за одложување на рата, наспроти 52 отсто оние кои немаат такви искуства
- 39 отсто од сите потрошувачи прифаќаат при проблеми со плаќањето првиот контакт да биде со вештачката интелигенција на банката
- 80 отсто од луѓето кои некогаш имале проблеми со плаќањето сакаат контакт со човек
Актуелната студија EOS Banking AI Barometer покажува: луѓето кои некогаш се соочиле со проблеми со отплатата се значително поотворени кон понудите за помош од банките, кои се базирани на вештачка интелигенција отколку општото население, независно од возраста.
Проблемите со плаќањето за многу луѓе во Европа не се исклучок. 30 отсто од испитаниците изјавиле дека некогаш имале тешкотии да платат рата или го надминале дозволениот минус на сметката. Секој четврти веќе имал контакт со компанија за наплата на побарувања. Оние кои сами ги доживеале финансиските тешкотии попозитивно ги оценуваат понудите за помош од банките базирани на вештачка интелигенција од оние без слично искуство. Оваа отвореност се покажува подеднакво кај сите испитаници од 18 до 65 години. „Од погодените, односно оние кои искусиле проблеми со отплатата 61 отсто сакаат вештачката интелигенција да им предложи да одложат рата – кај останатите или непогодените тој удел е само 52 отсто. Првата, лесно достапна поддршка и чувството на анонимност можат да бидат причини за желбата за проактивна вештачка интелигенција“, објаснува Даниела Моака, Senior Manager IT Romania во групацијата EOS. Така и одобрувањето на препораките од вештачката интелигенција за план за отплата е поголемо: 59 отсто од погодените ги оценуваат ваквите предлози позитивно, наспроти 48 отсто од непогодените.