Пребарување
Лице држи таблет на кој е отворена веб-страницата на EOS Newsroom, обезбедувајќи информации за најновите вести, онлајн статии и соопштенија за печат.

EOS Редакциjа

ЕОЅ Македонија со своја изјава во врска со објавените неточни наоди за комапнијата сестра во Хрватска

ЕОЅ Матрих Македонија е единствена компанија од приватниот и од финансискиот сектор кај нас која го поседува сертификатот ISO 27701:2019 којшто ја гарантира информациската безбедност и безбедноста на личните податоци

Известувањето е преземено од официјалната веб страница на EOS Matrix Hrvatska и се споделува со цел демантирање на актуелните вести каде е наведена неточна информација за наводна неовластена употреба на лични податоци во ЕОЅ сестринската компанија во Хрватска. 

„Загреб, 27 март 2023 година - Со проверка на сопствените системи, EOS Matrix во Хрватска утврди дека не се случило безбедносно пробивање, ниту се утврдило внатрешно неовластено ракување со лични податоци. Истото не е утврдено и од претходните континуирани и интензивни проверки на информатичките системи. При обработката на личните податоци се применуваат соодветни организациски и технички мерки за заштита на личните податоци, а сето тоа во согласност со позитивните правила на Општата регулатива за заштита на податоците. Како резултат на тоа, личните податоци на граѓаните во рамките на EOS Matrix во Хрватска не се загрозени на ниту еден начин. Наводите на медиумите за „протекувањето" на личните податоци не влијае на континуитетот на работењето или ги загрозува личните податоци на граѓаните регистрирани во нашата база на податоци, и во согласност со тоа, EOS Matrix во Хрватска продолжува со своите редовни деловни активности. Исто така, треба да напоменеме дека EOS Matrix Ltd. Хрватска поседува сертификат на ISO 27001, светски стандард за информациска безбедност. Ова независно стандардизирање гарантира дополнителна и сеопфатна заштита, препознавање и обработка на ризикот. EOS Matrix во Хрватска претходно, веќе во вторник, 21 март, ја извести Агенцијата за заштита на личните податоци за шпекулациите за „протекување“ на лични податоци. EOS Matrix Хрватска целосно соработува со Агенцијата за заштита на личните податоци и започнати се и други постапки пред компетентните органи на Р. Хрватска со цел да бидат заштитени правата на компанијата. “ 

ЕОЅ Матрих Македонија известува дека и во компанијата во Македонија користењето на личните податоци на должниците и нивната достапност, е сведена на најосновната потреба, при комуникација и обработка. ЕОЅ Матрих во Македонија има имплементирано различни безбедносни системи за контроли на пристап, контрола на проток на податоци и врши систематско надгледување на пристапот на сите системи. Носители сме на ИСО 27001 и ИСО 27701, светски стандарди за информациска безбедност и безбедност на лични податоци.  

За последните случувања во врска со неточните наоди на медиумите се огласи и генералната директорка на ЕОЅ во Македонија д-р Катерина Бошевска:  „Во периодот од 17 до 18 јануари 2023 година, ревизори од CIS - Certification & Information Security Services GmbH извршија сертификациска ревзија на компанијата ЕОЅ Матрих во Македонија, за исполнување на одредбите од стандардот ISO 27701:2019 кој се однесува на системите за управување со приватноста на информациите и е екстензија на стандардот ИСО 27001 за информациска безбедност, кој компанијата веќе го поседува од 2016 година се’ до денеска.  

Ревизијата потврди дека компанијата ги исполнува уловите за добивање на сертификат од CIS Vienna за ISO 27701:2019 кој ќе биде валиден во следните 3 години. Со добивањето на овој сертификат, компанијата ЕОЅ Матрих Македонија е првата и единствена компанија и од приватниот и од финансискиот сектор во земјата која го поседува овој сертификат, а со тоа уште еднаш потврдуваме дека наша примарна грижа е одговорно и совесно работење и доследно применување на законската рамка која го регулира нашето работење на Европско ниво, и во нашата земја.  

Со ова ја потврдуваме гаранцијата кон нашите корисници, партнери и клиенти за законитоста на обработката на личните податоци во нашата компанија “. 

Скопје, 27.03.2023  

Списание EOS

Марвин Рамке, извршниот директор, стои во сино одело, со десната рака во џебот од панталоните, во светла соба.

Интервју: Одборот на EOS за финансиската 2023/24 година

7 минути
Став на Одборот на EOS за финансиската 2023/24 година: како деловното работење се разви во регионите, зошто одржливоста останува клучна област во фокусот и како EOS е оптимално подготвен за иднината.
Дознај повеќе
ESG: EOS has a clear agenda for environmentally conscious and socially responsible action. Corporate Responsibility experts see to it that the strategy is being implemented in the national companies.

ESG експерти кои ја промовираат одржливоста на ЕОS глобално

4 минути
Посветеност на стратегијата: Одржливоста станува фактор на успех за финансиските компании. ESG експертите на EOS ја водат еколошката свест и општествената одговорност на меѓународно ниво.
Дознај повеќе
Innovation contest: The winning team presented artificial intelligence (AI) that can independently make and receive call center calls.

Натпревар за иновации: Кога вработените ја обликуваат иднината со ВИ

3 минути
По трет пат, EOS ги повика вработените да учествуваат во натпреварот за иновации. Целта: промовирање меѓународна соработка и подобрување на перформансите.
Дознај повеќе
Правична наплата на долгот: Должникот го врши плаќањето лесно и анонимно преку паметен телефон.

Фер наплата на побарувања: Прашање - EOS има конкретни одговори

3 минути
Централното прашање при одговорна наплата на долгови е: Како постапуваме со должниците? Како што покажува EOS, има повеќе од еден добар одговор на ова прашање.
Дознај повеќе
Kollecto+ is the digital collection system of EOS.

Дигитален систем за наплата: Успешната приказна на Kollecto+

3 минути
Речиси половина од националните подружници на EOS работат со Kollecto+. Дигиталниот систем за наплата ги менува нештата и им нуди на клиентите и на корисниците многу придобивки.
Дознај повеќе
Извршниот директор Владислав Хаџидинев во сино одело и катерина Бошевска извршен директор на ЕОС Северна Македонија во светло сино блејзер кој стои еден до друг во канцеларија со црвен ѕид

Уни Банка соработува со EOS во управувањето со побарувања.

3 минути
Вин-вин: EOS Северна Македонија долгорочно презема управување на побарувања од Уни Банка. Соработката не само што носи корист за двете компании, туку и за економијата на земјата.
Дознај повеќе
Illustration of woman in front of computer facing a robot

RPA: Improving quality with software robots at EOS

2 минути
“Programmed revolution”: The EOS Group is optimizing its digital receivables management with robotic process automation, freeing up staff for more complex and creative tasks.
Дознај повеќе
Cybersecurity expert Janusch Skubatz, Chief Information Security Officer of the EOS Group, with brown hair and white shirt

Несигурни за генеративната ВИ? Рамнотежата меѓу иновациите и ризикот.

4 минути
Генеративната ВИ им нуди на компаниите огромен потенцијал. Групацијата Ото ги намалува овие ризици со својата внатрешна алатка ogGPT. Групацијата EOS исто така има корист од ова.
Дознај повеќе
A photo shows a dilapidated building in Režanci, Croatia. A ‘stranded asset’ that EOS Croatia is putting back on the market.

Заглавени средства: EOS создава решенија за неупотребливи недвижнини.

2 минути
Бројот на неупотребливи имоти расте, делумно како резултат на зголемените барања за одржливост. EOS развива нови области на експертиза за да ги врати таквите заглавени средства на пазарот.
Дознај повеќе
Групната фотографија ги прикажува управните директори на EOS (од лево кон десно) Андреас Кроп (Германија), Јустус Хекинг-Велтман (Финансии), Марвин Рамке (извршен директор), Карстен Тидоу, (Источна Европа) и Др. Андреас Вициг, (Западна Европа).

Фискална 2022/23 година: Менаџментот на Групацијата EOS прави пресметка.

4 минути
Во ова интервју, членовите на Управниот одбор на Групацијата ЕОS зборуваат за позитивниот развој во фискалната 2022/23 година, за вработените, различноста и одговорноста на компаниите за наплата на долгови.
Дознај повеќе
Cybersecurity is a top priority for EOS. To achieve this the company is setting up an international protective shield.

Групацијата EOS се потпира врз најсовремената технологија за заштита на податоците.

2 минути
Со помош на врвна технологија, EOS ги штити податоците на клиентите и потрошувачите од напади од криминалци. Новиот сајбер-штит „Iron EOS“ го прави тој процес уште побрз и поефикасен.
Дознај повеќе
A man and a woman having a relaxed-looking conversation, as a symbolic image of a corporate culture where employees have autonomy.

Зајакнување: Како EOS ги привлекува и задржува вработените.

3 минути
Поддршката и охрабрувањето на луѓето го обезбедуваат растот: EOS создаде бројни програми кои им овозможуваат на вработените да растат како лично, така и професионално.
Дознај повеќе
Лицето на сликата е Кристиан Мусат, управниот директор на EOS International BVG и „мозокот“ на проектот Kollecto+.

Софтвер за наплата на долгови: Поголема ефикасност благодарение на стандардизираниот систем.

2 минути
Во системот за наплата Kollecto +, сите компании на EOS го здружуваат своето знаење и искуство и со тоа ја подобруваат ефикасноста на целата Групација.
Дознај повеќе
 A graphic shows several people communicating with each other through email, conversations, and letters.

How EOS makes debt collection responsible and fair.

3 минути
EOS се залага за праведно и достојно управување со побарувањата. Компанијата за наплата на долгови го постигнува тоа со технологијата со којашто се поедноставуваат процесите како за потрошувачите, така и за обучениот персонал.
Дознај повеќе
Financial literacy: Learning at an early age about how to handle money properly can protect people from excessive debt later on.

Financial literacy: How EOS is committed to improving financial skills.

4 минути
Недостатокот на финансиска едукација може да го забрза патот до прекумерен личен долг, особено кај младите. Со својата експертиза за наплата на долгови, EOS поддржува програми за финансиска писменост кои имаат за цел да се спротивстават на таквиот тек на настаните.
Дознај повеќе
A photomontage shows a car traveling toward the sunset in the right lane of a paved road in an open, green landscape. The asphalt on the opposite lane is completely worn down.

Меѓународна наплата на долгови: EOS управува со побарувањата на Hertz на глобално ниво.

3 минути
Прекуграничните побарувања претставуваат како логистички, така и правни предизвици. Компанијата за изнајмување автомобили Hertz се потпира на стручноста на EOS за меѓународна наплата на долгови.
Дознај повеќе
An illustration shows a man and a woman in business attire shaking hands. In the background is a globe with several locations pinned on it – and a stylized income statement.

Меѓународна наплата на долгови: Како EOS ги обработува побарувањата низ целиот свет.

3 минути
EOS е активен во 180 земји со свои компании или избрани партнери. Од оваа мрежа профитираат и банките кои редовно ги продаваат прекуграничните долгови на EOS.
Дознај повеќе
An image illustrates the financial insecurity of women amid the crisis: A woman with a calculator looks at a bill and holds her head worriedly.

Студија: Дали парите сè уште се тема само за мажите?

3 минути
Кој е поштедлив, кој носи посигурни одлуки, кој има поголеми заштеди? Една студија на EOS покажа колку поинаку жените и мажите се справуваат со финансиските прашања - и ги идентификува можните причини.
Дознај повеќе
Debt in Europe due to inflation: consumers having to tighten purse strings.

Студија: Едно од пет лица се задолжува во пресрет на инфлацијата.

4 минути
Како повисоките цени се одразија на финансиската состојба на потрошувачите? Студијата на EOS покажува: Многумина мораа да се задолжат за да ја компензираат инфлацијата.
Дознај повеќе
Financial education for young people: Many young consumers feel financially insecure.

Студија: Младите сакаат поголема финансиска едукација.

4 минути
Дали младите немаат интерес да се занимаваат со сопствените финансии? Една неодамнешна студија покажува дека тоа е: Погрешно! Интересот е голем - исто како и сопствените стравови за иднината.
Дознај повеќе
Истражување на EOS Европски платежни практики: Цртежот на човек опкружен со прашалници и гром илустрира дека соочени со влошените практики на плаќање, компаниите треба да најдат нови пристапи за управување со побарувањата.

EOS истражување: Лошите навики на плаќање ги ставаат во ризик европските компании

4 минути
Многу европски компании се загрижени за нивниот опстанок бидејќи се’ поголем број потрошувачи и клиенти доцнат или воопшто не ги плаќаат неподмирените фактури.
Дознај повеќе
EOS во Глобалниот договор на ОН: Алиша Кумар и Сибил Вајнгарт се грижат за корпоративната одговорност во EOS.

EOS во Глобалниот договор на ОН: КО за напредни.

6 минути
Приклучувањето кон Глобалниот договор на ОН, стратешки му помага на EOS да ја усогласи својата социјална посветеност. Како може целите на иницијативата да се пренесат на вашиот сопствен бизнис?
Дознај повеќе
Technology highlights of the EOS Group: overview of all trends.

Од аналитика до безбедносни алатки: Технолошките моменти на EOS Group.

3 минути
Од година во година, EOS инвестира во нови технолошки трендови. Има четири примери коишто покажуваат како клиентите и потрошувачите на EOS може да имаат корист од технологиите денес.
Дознај повеќе
EOS Annual Report 2021/22: Secured debt purchase at EOS

Интервју: „На пазарот на обезбеден долг сѐ е околу односите“

6 минути
EOS во последниве години значително го прошири своето знаење во сите аспекти на нефункционалните обезбедени заеми. Експерти од две земји на EOS ги споделуваат своите искуства и даваат увид во два многу различни пазари.
Дознај повеќе
Ова е новиот бренд EOS: Марвин Рамке се претставува себеси и новото лого на EOS.

Подинамичен, дигитален, револуционерен: новиот бренд EOS

3 минути
Извршниот директор Марвин Рамке во интервјуто зборува за начинот на размислување зад брендот и неговата важност за деловните партнери.
Дознај повеќе
Portrait photograph of Marwin Ramcke, Managing Director of the EOS Group and responsible for the Eastern Europe region

Интервју со Рамке, новиот извршен директор на групацијата EOS: „Ќе поставиме нови мерила.“

4 минути
Марвин Рамке ја предводи групацијата EOS како нов извршен директор. Во ова интервју ги открива неговите планови за иднината и ги посочува предизвиците со кои се соочуваат менаџерите во денешно време.
Дознај повеќе
Млада жена со паметен телефон: Потрошувачите немаат голема дигитална доверба

Анкетата на EOS открива дека потрошувачите немаат дигитална доверба

4 минути
Имате ли дигитална доверба? Неодамнешната анкета на EOS покажува дека само малцинството потрошувачи веруваат дека компаниите управуваат со нивните лични податоци на веродостоен начин.
Дознај повеќе
Корисници на паметни телефони во град: Податоците станаа клучен економски капитал.

Податоците како валута: Анкетата на EOS покажува дека потрошувачите се расположени да ги продаваат податоците

3 минути
Лични информации за пари? Анкетата на EOS покажува дека еден од тројца Европејци е подготвен да ги продаде своите податоци при што за возврат ќе добие привлечни награди.
Дознај повеќе
Рекорден резултат во Источна Европа: Марвин Рамке, член на Одборот на директори на EOS Group и одговорен за регионот

Рекордни приходи: EOS достигна нови височини во Источна Европа

Рекорди во продажбата и инвестициите: Марвин Римке, Управен директор на EOS Group, зборува за успешната 2018/19 година во Источна Европа.
Дознај повеќе
A project team discusses target groups around the whiteboard.

Во EOS, големите податоци (Big data) нема да функционираат без луѓето кои управуваат со нив

Не се работи само за технологијата, се работи за тоа луѓето да развијат начин на размислување воден од податоци, објаснува тимот на Центарот за аналитика
Дознај повеќе
A young man with a headset smiles while on the phone.

Сакате да се ослободите од вашите долгови? Овие луѓе можат да ви покажат како

Агентите од центарот за повици на EOS имаат импресивна репутација во помагањето на луѓето да ги платат нивните долгови.
Дознај повеќе
Two men and a woman having a debate in front of their computer screens.

Подемот на фирмите за Регулаторни технологии: Може ли ВИ (вештачка интелигенција) навистина да го направи усогласувањето помалку ризично, досадно и скапо?

Новата раса на фирми за финансиска технологија ветува дека ќе ги направи барањата за познавање на вашите клиенти крајно лесно.
Дознај повеќе
A project team discusses the status of tasks that have been written on Post-its and stuck to the wall.

Повеќе од помодарски збор: Зошто EOS се свртува кон развој на "агилен софтвер"

Ако работите на пазар кој брзо се менува, вашиот бизнис софтвер треба да остане во чекор со темпото – како што прават луѓето што го користат.
Дознај повеќе
tourist, ridge, descent, ice

Дали попрво би купиле куќа или би патувале низ светот? Како милениумската генерација се справува со долговите?

Ако работите на пазар кој брзо се менува, вашиот бизнис софтвер треба да остане во чекор со темпото – како што прават луѓето што го користат.
Дознај повеќе
Portrait photograph of Marwin Ramcke, Managing Director of the EOS Group and responsible for the Eastern Europe region

Не губете ги нерви: Што треба да знаете за купувањето на долгови во Централна и Источна Европа

Директорот на EOS, Марвин Рамке, ја објаснува својата стратегија за успех за тргувањето со NPL во 2018 година
Дознај повеќе
European Banking Authority (EBA) conference room

Обезбедени нефункционални кредити: Овие трендови го обликуваат пазарот во 2018 година

Новите регулативи може да привлечат повеќе инвеститори со повисок квалитет и да водат кон зголемување на обемите на тргување
Дознај повеќе
Во моментов нема достапни новинарски статии за оваа категорија.

EOS & AHK: Управувањето низ призмата на експертите

ЕОЅ Северна Македонија, во соработка со АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение, одржаа дискусија на темата "Важноста на Управувањето како дел од ЕСГ рамката".

Во дискусијата учествуваа Г-ѓа Антје Ванделт, директор на АХК Северна Македонија, Албанија, Косово, дел мрежата на германските комори во странство, д-р Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОЅ во Северна Македонија и ЕОЅ Косово, г-дин Даниел Браун директор на Фондацијата Конрад Аденауер и г-дин Виктор Мизо, извршен директор на Костал Македонија. Експертите ги споделија своите перспективи и активностите на нивните меѓународни организации во оваа област на домашниот пазар.  

Низ оваа дискусија, говорниците ги истражија различните димензии на поимот „управување“, неговата поврзаност со „усогласеноста“ и одговорноста на економските субјекти. Понатаму, тие разговараа за предизвиците со кои се соочени во деловната средина во земјата и промените кои сакаат да ги видат на пазарот, истакнувајќи дека доброто управување треба да биде тимска задача, но и лична одговорност на секој поединечен чинител во една деловна средина.

Медиумски соопштенија

EOS на Бизнис форумот организиран од агенцијата за маркетинг и промоции „Марили“ – кружната економија во фокусот

Кружната економија и новите бизнис модели и практики како основа за одржлив развој и поттикнување на нови можности за раст, беше темата на една од панел дискусиите на годинешниот Бизнис форум организиран од агенцијата за маркетинг и промоции „Марили“. На форумот се обрати и д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОС Матрикс Македонија и Косово, која е дел од Групацијата ЕОС. Д-р Бошевска годинава беше меѓу 13-те носителки на наградата „Најуспешни жени менаџери за 2024“, што агенцијата „Марили“, ја организира по 28 - ми пат.

Д-р Бошевска го истакна значењето на кружната економија за развој на финансискиот сектор, истакнувајќи дека усвојувањето на практиките на кружната економија, има потенцијал да го намали ризикот, да придонесе кон поголема диверзификација на деловните модели и да креира можности за поголема предвидливост. ЕОС Матрикс Македонија, во изминатите неколку години имплементира проекти на темата ЕСГ и циркуларна економија со цел да ги донесе сите оние пркатики и добри примери од групата на локалниот пазар. Д-р Бошевска ја сподели својата визија и потврди дека тимот на ЕОС останува посветен на целите.

Во рамки на Бизнис форумот, беше презентирана стратегијата за корпоративна одговорност на ЕОС Матрикс, која се базира на четири столба:

  • Одговорна наплата на побарувањата за фер третман
  • Заеднички напредок кои се базира на придонес на раст на компанијата и на општеството
  • Финансиска одржливост – креирање на бизнис концепт за подобро управување со побарувањата и креирање на можности за инвестиции
  • Заштита на животната средина – намалување на еколошкиот отпечаток на ЕОС Матрикс
Д-р Бошевска ја презентираше и стратегијата на Групацијата ЕОС за намалување на јаглеродните емисии, која произлегува од Парискиот договор за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 °C. Во таа насока, на ниво на Групацијата ЕОС, се преземаат низа мерки за намалување на емисиите на CO₂ на долг рок, како што се намалување на службените патувања и садење на нови садници на глобално ниво.
Печати

EOS & AHK: Управувањето низ призмата на експертите

ЕОЅ Северна Македонија, во соработка со АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение, одржаа дискусија на темата "Важноста на Управувањето како дел од ЕСГ рамката".
 

Во дискусијата учествуваа Г-ѓа Антје Ванделт, директор на АХК Северна Македонија, Албанија, Косово, дел мрежата на германските комори во странство, д-р Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОЅ во Северна Македонија и ЕОЅ Косово, г-дин Даниел Браун директор на Фондацијата Конрад Аденауер и г-дин Виктор Мизо, извршен директор на Костал Македонија. Експертите ги споделија своите перспективи и активностите на нивните меѓународни организации во оваа област на домашниот пазар.  

Низ оваа дискусија, говорниците ги истражија различните димензии на поимот „управување“, неговата поврзаност со „усогласеноста“ и одговорноста на економските субјекти. Понатаму, тие разговараа за предизвиците со кои се соочени во деловната средина во земјата и промените кои сакаат да ги видат на пазарот, истакнувајќи дека доброто управување треба да биде тимска задача, но и лична одговорност на секој поединечен чинител во една деловна средина.

"Промените и развојот во општеството се процеси кои се можни само доколку постои широк консензус и јасна волја кај сите чинители во општеството. ЕОС Матрикс Македонија како дел од ЕОС Групацијата, со голема посветеност работи на имплементација на ЕСГ стандардите. Но, суштината на овие стандарди не е тие да се воведат само во рамките на една компанија, туку и нашата експертиза и искуствата да ги споделиме со пошироката заедница и секоја да ја заземе својата улога. Највисока цел на ЕСГ концептот е преку системски промени да иницира иновации и развој на начин кој е праведен и кој ќе донесе просперитет.Затоа, исклучително важно во овој процес е да се поврземе и да направиме силна платформа помеѓу јавниот и приватниот сектор за да имаме што подобри резултати“, истакна д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОС Матрикс Македонија
Печати

ЕОЅ Матрих ја потврдува својата заложба кон етичките деловни практики со нов Кодекс на однесување за партнери и добавувачи

Известување - 22 ноември, Скопје 

Скопје, 1 септември 2023 - ЕОЅ Матрих ДООЕЛ Скопје, водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања, со гордост го објавува новиот Кодекс на однесување за партнери и добавувачи, потврдувајќи ја посветеноста кон етичките деловни практики и поттикнувајќи односи со своите клиенти и соработници изградени врз основа на главните обележја на овој Кодекс.

Во денешната бизнис средина која брзо се развива, етичкото однесување на компаниите е најважно. EOS Матрих ДООЕЛ Скопје ја препознава својата одговорност да ги одржува највисоките стандарди на интегритет во сите аспекти на своето работење. Новиот Кодекс за однесување за партнери и добавувачи ја потврдува оваа заложба. Ажурираниот Кодекс е резултат на повеќемесечни заеднички напори во кои беа вклучени вработените, засегнатите страни и експерти од индустријата.

„За да се обезбеди просперитетна и безбедна средина за живеење, мораме  да постапуваме етички во нашите деловни зделки и во согласност со највисоките стандарди. Нашиот нов Кодекс е доказ за нашата посветеност и ги покануваме нашите клиенти и соработници да ни се придружат во почитувањето на овие принципи. Затоа што сакаме да создаваме успешни бизнис приказни на начин што ќе им овозможат на луѓето кои се вклучени одржлив напредок, сега и во иднината. “ – д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОЅ Матрих ДООЕЛ Скопје.

Компанијата истакнува дека со почитување на овие етички принцип има за цел да обезбеди уште повисоко ниво на доверба и сигурност во сите свои соработки.

ЕОЅ Матрих ДООЕЛ Скопје, дел од ЕОS Групацијата, е водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на откуп и наплата на обезбедени и необезбедени побарувања, како и меѓународна наплата на побарувања. Дознајте повеќе за EOS Matrix Macedonia на mk.eos-solutions.com.

Групацијата EOS е водечки технолошки напреден инвеститор и давател на услуги во индустријата за управување со побарувања. Со над 45 години искуство, EOS преку своите подружници во 24 земји ширум светот ниду паметни услуги за сите потреби за управување со побарувањата. Клучните целни сектори на EOS се банкарството, недвижностите, телекомуникациите, комуналните услуги и е-трговијата. EOS вработува над 6.000 луѓе и е дел од Групацијата Ото (Otto Group). За повеќе информации за EOS  Групацијата , одете на: eos-solutions.com

Стапете во контакт со нас за прашања поврзани со медиумите и односите со јавност:

Офицер за корпоративни комуникации, односи со јавност и маркетинг:

Јана Нешковиќ
j.neskovic@eos-matrix.mk
+389 71 232 501
Печати

EOS Групацијата бележи стабилен развој во финансиската 2021/22 година

Хамбург, Германија, 20 јули 2022

  • Голем напредок кон целосно дигитализирана групација
  • Рекордна година во откуп на долгови со вкупно 669 милиони евра инвестиции во нефункционални кредити и недвижен имот
EOS Групацијата, меѓународен инвеститор во портфолија на побарувања и давател на услуги за наплата на долгови базирана на технологија, со седиште во Хамбург, продолжи да работи добро и стабилно во турбулентната финансиска година 2021/22. И покрај пандемијата со корона и сè поагресивното пазарно опкружување, вкупниот приход на Групацијата се зголеми за 1,6 отсто. Севкупно, заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (EBITDA) изнесува 282,5 милиони евра - благо намалување во однос на претходната година (312,4 милиони евра). Тоа првенствено се должи на војната во Украина и сметководствените мерки на претпазливост преземени од EOS во овој контекст. Сепак, крајниот заклучок за финансиската година е позитивен бидејќи во 24-те земји во кои е активен EOS повторно беа постигнати силни оперативни перформанси.

„Минатогодишниот успех го должиме пред сè на нашите повеќе од 6000 вработени, кои го прават EOS подинамичен и дигитален секој ден во нестабилен период“, нагласува Марвин Рамке, извршен директор на EOS Group. „Изминатата финансиска година особено се карактеризира со три фактори. Прво, успеавме да ги надградиме нашите основни области на експертиза за купување и обработка на нефункционални кредити и го засиливме нашиот статус како експерти во полето. Ова беше надополнето со одличната меѓународна и прекугранична соработка помеѓу нашите локации во 24 земји. И конечно, растечката автоматизација ни овозможи континуирано да ги подобруваме нашите деловни процеси. Достигнувања во една предизвикувачка година, со кои можеме да бидеме многу горди како тим“, продолжи Рамке.

EOS ја зајакнува водечката позиција и ја води дигитализацијата напред

EOS Group разви многу добра репутација со текот на годините - и како меѓународен давател на услуги за наплата на долгови и како инвеститор во пакети за побарувања (NPL). Со финансиската сила на Otto Group зад себе, EOS повторно можеше да направи значителни инвестиции на пазарот на NPL. Јасниот фокус на автоматизација на процесите, како и употребата на софтвер за наплата на долгови базиран на собирање податоци, исто така, овозможуваат поуспешна и поефикасна обработка на побарувањата.

„Постигнавме ветувачки напредок во однос на заедничкото аналитичко управување со податоците, што јасно ќе нѐ придвижи напред во однос на управувањето со обработката на побарувањата во иднина. Поврзаната инвестиција беше и е голем чекор кон целосно дигитализирана групација“, вели Јустус Хекинг-Велтман, финансиски директор на EOS Group. Развојот и употребата на чет-ботови во комуникацијата со потрошувачите или сервисните портали 24/7, кои се веќе имплементирани во неколку земји, се дополнителни примери за дигиталната трансформација во EOS.

Со својата долгогодишна експертиза како компанија за наплата на долгови и нејзиниот фокус на дигитализација и меѓународно вмрежување, во финансиската 2021/22 година EOS успеа да ја консолидира и дополнително да ја прошири својата водечка позиција во управувањето со побарувањата на многу пазари. Конкретно, финансиската година беше рекордна за EOS во областа на откупот на долгови: Групацијата инвестираше вкупно 669 милиони евра во NPL и недвижен имот во текот на овој период. Со овој резултат значително го надмина обемот од претходната финансиска година.

EOS имплементира амбициозен концепт за одржливост

Со стратегијата за корпоративна одговорност (КО) претставена на почетокот на минатата финансиска година, Групацијата се приближува кон сопствената посветеност за одржливост на структуриран начин и со амбициозни цели. Приклучувањето кон Глобалниот договор на ОН категорично ги нагласува напорите на EOS. Повеќе од 16.000 компании од над 160 земји сега учествуваат во иницијативата на Обединетите Нации, со цел да го направат светот поодржлив и поправеден. Бројните активности за КО на EOS се протегаат многу подалеку од заштитата на животната средина - а социјалната и корпоративната посветеност веќе вроди со плод: Со наградите Top Women Leaders и Златниот медал на реномираната агенција за рејтинг EcoVadis, EOS Group веќе доби две награди за своите напори за КО во текот на изминатата финансиска година.

Постоечките иницијативи за одржливост ќе продолжат да се промовираат во наредната година. „Ние преземаме одговорност - не само за нашите вработени и клиенти, туку и за потрошувачите и целата индустрија за наплата на долгови. Или накратко: промена на подобро“, вели Рамке. „Лично, особено би сакал да го поттикнам прашањето за различноста. Ова е една од најсилните страни на нашата меѓународна групација. Минатата година, на пример, посветени вработени ја основаа ЛГБТК+ заедницата Queer@EOS и женската мрежа W:isible“.

Регионот на Источна Европа води во растот на приходите на EOS Group

Особено регионот на Источна Европа имаше многу пријатен крај на финансиската година, со пораст на приходите за 12,2 отсто во однос на претходната година. Посебно силно се покажаа националните компании од Хрватска, Полска, Србија и Словачка. И покрај стабилните перформанси, заработката (EBITDA) во Источна Европа забележа благ пад. Тоа се должи на билансните мерки на претпазливост во поглед на војната во Украина.

Во делот на откуп на побарувања, обемот на инвестиции во регионот двојно повеќе се зголеми. „Во изминатата финансиска година инвестиравме вкупно 402,5 милиони евра во Источна Европа, од кои 226,5 милиони евра беа во обезбедени побарувања и недвижен имот“, вели Карстен Тидоу, управен директор на EOS Group за Источна Европа. Особено се истакнаа националните компании во Грција и Полска. „За севкупно да имаме уште поголема корист од ова, важно е уште посилно меѓусебно да се поврзуваме со националните компании. Таквиот начин на промовирање на иновациите е нашата цел за следната финансиска година“, нагласува тој.

Дополнителни информации, интервјуа и извештаи за изминатата финансиска 2021/22 година на EOS Group се достапни во областа на виртуелниот печат: mk.eos-solutions.com/annual-report/2021-22

За ЕОЅ Group

EOS Group е водечки технолошки инвеститор во портфолијата на побарувања и експерти за обработка на неподмирените побарувања. Со повеќе од 45 години искуство и локации во 24 земји (состојба: од крајот на финансиската 2021/22 година), EOS им нуди на своите приближно 20.000 клиенти ширум светот паметни услуги за сите аспекти на управувањето со побарувањата. Фокусот е ставен на банките и компаниите од секторите недвижнини, телекомуникации, снабдување со енергија и е-трговијата. EOS вработува повеќе од 6.000 луѓе и е дел од Otto Group.

Повеќе информации за ЕОЅ Group: eos-solutions.com

Контакт со медиумите:

mk.eos-solutions.com/press
  • Постигнати нови височини на приходот и EBITDA.
  • Силни инвестиции во купувањето долгови: уште еден чекор кон станувањето на глобален финансиски инвеститор
  •  „Во голема мера ќе го прошириме нашиот бизнис обезбеден со недвижнини, покрај купувањето на необезбедени долгови

Хамбург, Германија; 16 јули 2019 година – EOS Group, со седиште во Хамбург, го зголеми својот приход во фискалната 2018–2019 година за 2,3 проценти до 813,7 милиони евра. Заработката пред камата, даноци, депрецијација и амортизација (EBITDA) порасна до 283,6 милиони евра. Според тоа, меѓународниот давател на приспособени финансиски услуги, којшто припаѓа на Otto Group, постигна нов рекорд во однос на двата клучни индикатори за изведба. Една од главните причини за позитивниот развој беше високата инвестиција во купување на портфолија на необезбеден и обезбеден долг: EOS инвестираше 668 милиони евра во побарувања и недвижнини во последната фискална година и сè повеќе еволуира во глобален финансиски инвеститор.

Високата инвестиција во купување долгови продолжува непречено

„Среќен сум за исклучително задоволителната фискална година“, рече Клаус Енгбердинг (Klaus Engberding), Претседател на Извршниот одбор на EOS Group. „Како во однос на приходот, така и во однос на профитот, повторно постигнавме извонредно ниво. И покрај хармонизацијата за фискалната година во претходната година*, успеавме да го зголемиме приходот на EOS Group. Тоа е јасен знак за нашиот одржлив деловен раст“, рече Енгбердинг. „Во голема мера ќе го прошириме нашиот бизнис обезбеден со недвижнини, покрај купувањето на необезбедени долгови.“ Со нашата технологија чиј двигател се податоците, оптимално може да ги процениме и обработиме побарувањата - совршена основа за да продолжиме силно да инвестираме во купување долгови ширум светот“.

EOS Group се состои од повеќе од 60 компании во 26 земји и има вработено повеќе од 7500 луѓе. По пат на партнерска мрежа, EOS им нуди паметни услуги на своите над 20 000 потрошувачи во 180 земји насекаде во светот.

* Во извештајниот период 2017-2018 година, околу 30 компании на EOS беа вклучени со 14 наместо 12 месеци во консолидираните финансиски извештаи за крајот на годината.

Преглед на клучните индикатори за изведбата:

 

2018-2019 година

2017-2018 година

Приход од продажба

(Милиони евра)

од кои
Германија
Западна Европа

Источна Европа
Северна Америка

813,7

 


341,1
220,9

203,2
48,5

795,0

 


327,5
240,4
183,2
44,0

EBITDA (Милиони евра)

283,6

279,8

Во табелата може да има прикажани разлики што се должат на заокружување на цифрите.


Источна Европа со пораст во обезбедените побарувања

Во Источна Европа, EOS ужива целовремени височини: „Горди сме со нашите резултати во Источна Европа за последната фискална година“, рече Марвин Рамке (Marwin Ramcke), Извршен директот на EOS Group одговорен за овој регион. „Со 203,2 милиони евра, приходот го надминува оној од минатата година за повеќе од 10 проценти. Заработката пред данокот е, исто така, многу повисока отколку во претходната година“. За двата клучни индикатори за изведба (KPI), EOS достигна највисоко ниво до сега во регионот. „Повторно бевме во можност да го зголемиме обемот на нашата инвестиција во портфолија со лош долг. Особено во Хрватска и во Полска, но исто така и во Русија и Словачка, нивото од претходната година беше јасно надминато“, според Рамке. Инвестицијата во обезбедени побарувања беше особено проширена; EOS е сега активна во ова поле во девет Источноевропски земји. Рамке: “И понатаму гледаме одлични можности за раст во овој сегмент ипланираме да го прошириме деловниот сегмент во сите наши источноевропски локации во иднина“.

За EOS Group

EOS Group е водечки меѓународен давател на приспособени финансиски услуги. Како специјалист во процената и обработката на побарувања, EOS применува нови технологии за да им понуди на своите 20 000 потрошувачи во 26 земји финансиска сигурност по пат на паметни услуги. Главниот бизнис на компанијата е купување портфолија со необезбеден и обезбеден долг. Во рамките на меѓународна мрежа на партнерски компании, EOS Group вработува повеќе од 7500 вработени во над 60 подружници и има пристап до ресурси во повеќе од 180 земји. Нејзините клучни таргетирани сектори се банкарство, комунални услуги, недвижнини и е-трговија. EOS е дел од Otto Group

За повеќе информации за EOS Group, Ве молиме одете на eos-solutions.com.

Компанијата за откуп и наплата на побарувања ЕОЅ Матрих ДООЕЛ членка на EOS Групацијата, е во процес на превземање на активности за усогласување со измените и насоките кои ги предвидува европската регулатива за заштита на лични податоци (General Data Protection Regulation - GDPR).

Во изминатиот период ЕОS Матрих ДООЕЛ активно работеше и на одржување на стандарди за обезбедување на највисоко ниво на безбедност на информациите (ISO 27001), следствено на што и проактивно истапува кон навремено усогласување со препораките од GDPR. Истовремено, компанијата активно ги следи и измените на локалната регулатива за заштита на лични податоци и своето работење навремено го усогласува со истата.

Во периодот кој претстои EOS Матих ДООЕЛ својот договорен однос ќе го усогласи согласно барањата на регулативата.

Печати

Годишен извештај и извештај за одржливост 2023/24

Многу добри резултати во предизвикувачки времиња: Во својата 50-годишнина, Групацијата EOS се навраќа на напорната и успешна финансиска 2023/24 година. Сите клучни бројки, најважните деловни моменти и возбудливите навраќања на 50 години EOS, како и достигнувањата и најважните моменти од посветеноста на Групацијата EOS кон нејзината социјална, општествена и еколошка одговорност може да се најдат во овогодишниот годишен извештај и извештај за одржливоста.
Прочитајте го целиот извештај

Истражувања на EOS - ова е знаење

Да знаеме што ги движи економијата и општеството – ова е целта на спроведувањето на нашите истражувањата на пазарот и клиентите на EOS. Нашите истражувања, кои ги спроведуваме заедно со реномирани институти за истражување на пазарот, нудат возбудливи факти за однесувањето на клиентите во поглед на плаќањата, начините на плаќање, дигитализацијата и придобивките од податоците.
Прочитајте повеќе

Стапете во контакт EOS во Македонија