• Бројот на т.н. заробени средства“ во Европа се зголемува.
  • Потребите за одржливост наметнати на недвижниот имот се зголемуваат.
  • EOS ја проширува својата експертиза за да ги врати неупотребливите средства на пазарот.
Изложена тула, испукани дрвени греди и распаднат малтер. Имотот што ЕОС го стекна во 2021 година во селото Режанци на полуостровот Истар во Хрватска беше во мизерна состојба. Вилата стара 100 години беше запоставена со децении. Последните сопственици чуваа свињи овде“, вели Анте Рицов, кој е одговорен за развој на недвижен имот во EOS Хрватска: „Ова е типичен случај на заробено средство“.

Во секторот на недвижности, заробените средства се имоти кои не вредат ништо или речиси ништо во случај на продажба. На некои пазари, ваквите недвижности отсекогаш биле пронајдени во пакети со нефункционални побарувања (NPL) што ги купил EOS, вели Кнут Зиберт,Виш Потпретседател за вреднување на обезбедени портфолија во EOS. Меѓутоа, долго време EOS не се фокусираше на развивање на овие имоти пред да ги продаде. Но, тоа сега почнува да се менува и му овозможува на EOS да ја прошири својата област на експертиза.

Нова експертиза како инвеститор во „заробени средства.“

Причините за овие промени се многубројни. Во Хрватска, на пример, пазарот на NPL за побарувања обезбедени со недвижен имот е речиси непостоечки во моментов, вели Бернхард Мелишниг, управен директор на EOS во Хрватска.„Банките ги исчистија своите портфолија“. Затоа, во иднина ќе има нов фокус: „Оживување на имотите што се отстранети од пазарот“, вели Бернхард: „Сепак, за да го направиме ова ни треба знаење и способности кои досега не биле дел од нашата основна област на експертиза“. Така се приклучи во тимот Анте Рицов. Развојниот инженер со децении раководи со градежни проекти во Хрватска. Неговата задача сега е свињарникот во Режанци повторно да го претвори во вила опремена со комплетно нов систем за греење, водоводни цевки и електрична енергија и базен. Анте ќе го развие новиот дизајн, ќе бара и ангажира изведувачи и ќе ја надгледува изградбата. Проектот не е комплексен за управување , вели тој: „Намерно сакавме да започнеме со мали димензии за да ни овозможиме да изградиме искуство што потоа можеме да го пренесеме на поголеми имоти“.

Во исто време, Анте управува со проект за претворање на недовршена зграда во близина на Загреб во станбен блок. Во овој случај, сепак, EOS не ги врши градежните работи, туку го финансира градежниот изведувач. Тоа исто така е нова улога, вели Бернхард: "Целта е да се обезбеди сеопфатна услуга за заробени средства, без разлика дали во својство на брокер или инвеститор. За таа цел, го комбинираме знаењето на Анте со нашата правна и комерцијална експертиза. Ова е USP (уникатна вредност) што никој друг во Хрватска не може да го понуди. "
 

Претворање на градби во зелени површини.

Исто така, постои зголемен фокус на меѓународните „заробени“ средства, вели Кнут. Катализатори се построгите барања за одржливост, на пример во форма на директивата на ЕУ за обврските за транспарентност поврзани со одржливоста во секторот на финансиски услуги. Затоа, во иднина, имотите исто така ќе бидат рангирани според аспекти како енергетска ефикасност и вид и обем на употребени материјали. Ова ќе создаде нова форма на „заробени“ средства, вели Кнут, бидејќи: "Во случај на многу имоти, инвестицијата неопходна за одржлива реконструкција не може да се надомести преку наем".
Photo of Cnut Siebert, SVP Secured Portfolio Valuation, EOS Group

Со децении, згради се појавуваат на зелените површини. Сега, треба да размислиме за претворање на градбите во зелени површини. 

Кнут Зиберт
Виш потпретседател за Проценка на обезбедни портфолија, ЕОЅ Групација.
Кнут го гледа овој развој не како ризик, туку како можност. "Со децении, зградите се појавуваат на зелени полиња. Сега мораме да размислуваме за претворање на градбите во зелени полиња. Во најбуквалната смисла на зборот. Земјоделска земја и ливади, зони за соларна енергија или системи за складирање на електрична енергија, биотопи и ливади за пчели би можеле да бидат можни употреби за такво земјиште. Со оглед на ова, Кнут има за цел да воспостави нови поврзувања и да разговара со компании кои би можеле да бидат корисни за овој вид на проекти за пренамена на цели, како што се снабдувачите на системи за соларна енергија. Во исто време, тој сака да развие нова експертиза во рамките на компанијата. "Сеуште нема профил на работа за менаџери за заробени средства, но ова е насоката во која треба да се насочиме". Затоа, идните процеси на вработување ќе ги земат предвид квалификациите надвор од сегментот на недвижности, на пример, искуство во секторот на обновливата енергија. Постоечките вработени ќе можат да ги прошират своите знаења преку професионални обуки.

"Сеуште постои јаз помеѓу европските економии", вели Кнут: "Особено во некои земји во Источна Европа, одржливите решенија во моментов се уште имаат мала релевантност за инвеститорите. Но, тоа е само прашање на време пред ова прашање да се појави и таму. И тогаш ќе имаме предност благодарение на знаењето што го стекнавме на меѓународно ниво."

Одржливите обнови се инвестиции во општеството.

Во Грција, ова прашање веќе се појави. "Toa е тренд овде веќе пет години", вели Јанис Деликанакис од грчкиот партнер на ЕОЅ, компанијата Саутрок (Southrock). "Веќе две години, хотелите и канцелариските згради требаат да имаат еден од два можни сертификати за одржливост. " Овие стандарди ги зголемуваат трошоците за обнова на зградите за 10 до 15 проценти", вели Јанис. Но, ова исто така за нас претставува можности. "Можеме да дадеме нешто назад на општеството". На пример, во Фокос, во североисточниот дел на островот Миконос, каде што ЕОЅ и Саутрок ги конвертираат 11 недовршени вили. "Седум од нив беа само скелети, тие дури и немаа прозорци", вели Јанис: „Таа глетка е причината зошто има многу малку посетители на плажите во областа.“
Photo of a complex with several unfinished villas on Mykonos that EOS is refurbishing to sustainable standards.
На фотографијата е прикажана една руинирана зграда во Режанци, Хрватска. "Заробено средство" кој EOS Хрватска го враќа на пазарот.
 On Mykonos, EOS is renovating a complex of villas to sustainable standards.
Фотографија од комплекс со неколку недовршени вили на Миконос кои ЕОЅ ги реструктурира според одржливи стандарди.
Вилите сега се обновуваат според одржливи стандарди, со соларни панели на покривите, пумпи со ниска потрошувачка на енергија, единица за рециклирање на дождовна вода и паметни системи за вентилација кои го исклучуваат климатизаторот ако се отворат прозорците. "Ние сме првите кои ги спроведуваат овие видови проекти во Грција", вели Јанис. "Се разбира, сакаме да заработиме пари со овие проекти. Но, исто така, се враќаме на пазарот со нови одржливи имоти кои претходно предизвикале проблеми за општеството, како што е загадувањето. "

"Реструктурирањето на заробени средства е слично на рециклирање на недвижен имот", додава Кнут. И тоа претставува можности: "Така можеме да придонесеме за заштита на животната средина".
 
Photo of Cnut Siebert, SVP Secured Portfolio Valuation, EOS Group

Cnut Siebert
SVP Secured Portfolio Valuation

Телефон: + 49 (0) 173 2929 695

c.siebert@eos-solutions.com

Стапете во контакт

Carina Bonde, Corporate Communications & Marketing

Carina Bonde
Corporate Communications & Marketing

Телефон: + 49 173 2979331

c.bonde@eos-solutions.com

Стапете во контакт

Photo credits: EOS